Биткоинот повторно соборува рекорди: За 24 часа скокна 24%

40

Цената на биткоинот продолжи да расте, достигнувајќи нов рекорд и за првпат еден биткоин вредеше 48.000 американски долари.

Новиот раст беше предизвикан од веста дека компанијата Тesla купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Исто така, Tesla најави дека ќе овозможи користење на биткоин како метод за плаќање при купување на нивни производи.

По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна 10,96%, на 43.200 долари, а растот продолжи и потоа.

Фото: Pixabay