Биткоинот се врати – повторно над 50.000 долари

20

Најпопуларната криптовалута биткоин, во неделата вечер се врати на ниво над 50.000 долари. Биткоинот скокна 4%, а аналитичарите растот го припишуваат на американската програма за стимулации вредна 1,9 милијарди долари.

Сенатот во саботата го усвои планот на претседателот eо Бајден за закрепнување од пандемијата на Ковид-19 со 1,19 трилиони долари по цела ноќ седница на која демократите имаа најмногу несогласувања околу надоместоците за невработеност, а републиканското малцинство не успеа да спроведе околу 30 амандмани, пишува Seebiz.

Растот на биткоин наговестува на слаб долар на девизните пазари и подобрен апетит за ризик на берзите во понеделникот. Дигиталната валута во голема мерка се движеше во спротивна насока од доларот и се однесуваше повеќе или помалку како акции / ризични средства од падот во март 2020 година.

Инвеститорите сè повеќе го доживуваат биткоинот како “чувар на вредноста“, па затоа во голем број портфолија ја презеде улогата што некогаш ја играше златото.

Фото: Pixabay