Биткоинот тоне – падна 70 отсто во последните осум месеци

30

Пазарот на криптовалути  и утрово е во црвено. Вредноста на биткоинот денес е 21.001 долар, што е пад од речиси 8% во споредба со вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Во последните денови од пазарот се избришани околу 300 милијарди долари. Биткоинот денеска повторно падна на ниво од 21.000 долари, што е пад од цели 70 отсто во последните осум месеци. Паничната продажба на крипто-пазарот вчера го фрли биткоинот во минус од дури 14 отсто, а денес за дополнителни осум отсто.

Etherum, втората најпопуларна криптовалута, исто така изгуби осум проценти од својата вредност, а добрата вест е што акциите на технолошките компании почнаа да закрепнуваат. Акциите на Мајкрософт, Епл и Тесла утрово се во плус.