Бизнис форум во Скопје за привлекување на странски инвестиции

22

Бизнис форум денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Кабинетот на министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа (EuCham CEE), предводена од претседателот Микеле Орзан.

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, во рамките на форумот, ќе ги претстави инвестициските можности пред повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа.

На настанот ќе се обратат и Владимир Пешевски, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и Виктор Мизо, директор на Дирекција за технолошко – индустриски развојни зони.

Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа е независна, невладина и приватно организирана институција со седиште во Будимпешта, Унгарија и ги претставува интересите на националните и интернационалните компании во Европа, со цел создавање нови бизнис можности.