
Според податоците на Државниот завод за статистика во 2024 година новосоздадени се 6.439 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности.
Каде се отвораат, а каде се затвораат бизниси во земјава?
Во 2024 година се регистрирани 6.439 нови претпријатија, што претставува 9.3 % од вкупно активните, пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор. Во однос на 2023 година е забележано зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 2.9 %.
Овие претпријатија ангажираат 10.697 лица, што претставува намалување за 28.1 % во однос на претходната година. Без вработени лица биле 27.2 % од новосоздадените претпријатија.
Од вкупниот број активни претпријатија, во 2023 година згаснале 6.2 %, односно 4.175, главно, во секторот Трговија на големо и мало.
2024 година: 6. 439 новосоздадени претпријатија
2023 година: 4 .175 згаснати претпријатија











