Blackstone ги продаде и последните акции во Hilton

21
Фото: Facebook
Blackstone Group LP,  групација која беше најголем инвеститор во светскиот синџир на хотели Hilton, после 11 години илегува од сопственичката структура на компанијата, продавајќи го својот преостанат удел од 5,8%, објави Bloomberg.
Продажбата на последните 15,8 милиони акции, ќе му донесе на Blackstone 1,3 милијарди долари заработка, или вкупно досега 14 милијарди долари, со што оваа американска групација буквално тројно ја зголеми својата првична инвестиција.
Blackstone Group LP во 2015 година го намали својот мнозински удел во Hilton Worldwide Holding Inc со продажба на акции во вредност од 2,69 милијарди долари, што претставуваше најголема реализирана продажба од приватно акционерско друштво преку блок трансакции.
 Во 2016 година Blackstone продаде уште 25% од својот удел на кинеската групација HNA во вредност од 6,5 милијарди долари и заработи тројно повеќе во однос на цената по којашто ги купи истите акции во 2007 година.
Инаку акциите на Hilton од почетокот на годината пораснаа за 36%, последната цена по којашто и Blackstone ги продаде изнесуваше 83,30 долари.