Благој Ѓорев ќе го откупи целото производството на сончогледот од македонските земјоделци

164

zejtin proziren

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев и оваа година ќе ја откупи расположливата количина на маслодајни семиња во Македонија. Компанијата дополнително ги охрабрува земјоделците да ја одгледуваат и произведуваат оваа култура, бидејќи им е загарантиран откупот, што претставува голема сигурност да се преориентираат кон одгледување на маслодајни семиња. Моментално се одвива откупот од Пелагонија, а потребата за поголеми количини од сончогледово зрно за производство на сончогледовото масло Кристал ќе се надополни од увоз.

“Зголемената побарувачка и добрата прифатеност на производите од страна на потрошувачите, како во Македонија, така и во соседните земји Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, е потврда дека сме на вистинскиот пат, и дека создаваме квалитетни производи. Како единствен откупувач на маслодајни семиња во Македонија оваа година ќе откупиме се што од оваа култура ќе биде понудено кај нас , но сеуште постои потенцијал за зголемување на производството, што остава простор во идните години и за дополнителен откуп“, изјави Горан Лазов, генерален директор на Благој Ѓорев.

Благој Ѓорев започна да работи како фабрика за масло во 1923 година, па се до 1999 година кога е трансформирана во Прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехранбени производи во сопствено производство. Покрај производството на рафинирано масло, маргарин и други тврди масти оваа прехранбена индустрија произведува оцет и кондиторски производи и тоа следејќи ги актуелните законски регулативи и имплементирајќи го HACCP системот и ХАЛАЛ стандардот. Нивните Кристал производи се избрани за супербренд во 2013/2014 година.