Благој Ѓорев од Велес прокнижи загуба од над девет милиони денари за три месеци

36

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес во првиот квартал од оваа година евидентираше загуба од 9.184.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа загуба од 6.609.000 денари.

“Во овој период, крајните залихи на готови производи се помали во однос на почетните и се остварени помали приходи од реализација на залихата во однос на направените трошоци за истата, па како резултат на тоа е искажана загуба“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа 111.254.000 денари. Поголемиот дел од 104.632.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 6.622.000 денари е остварен на пазари во странство.