Благој Ѓорев од Велес со добивка од 8,7 милиони денари во 2015 година

19

blagoj gorev 123

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, оствари добивка во износ од 8.746.535 денари, стои во Образложението за остварените резултати.

“Во 2015 година се остварени вкупни приходи во износ од 679.983/177 денари, што е за 8% повеќе во однос на истиот период лани. Поголем дел од приходите се на домашен пазар“, стои во Образложението.

Расходите, како што се наведува, изнесуваат 670.070.853 денари и во однос на претходната година се зголемени за 7%.

Добивката произлегува од намалени трошоци за суровини и материјали.