Владата на Србија во наредниот период планира економско ширење во регионот, а прво на удар на преземањата ќе се најде црногорското пристаниште Бар.
Според извори на Блиц, српската влада сериозно е заинтересирана за стратешко партнерство со црногорското пристаниште, како и за делумно управување со оваа компанија.
“Ова би била прва приватизација на Србија во регионот во текот на следната година, а планот е Србија да продолжи со инвестиции и да го прошири своето економско влијание во регионот”, велат за Блиц.
Минатата недела, Советот за приватизација и капитални проекти на Црна Гора ја утврди Предлог одлуката за планот за приватизација за 2016 и ја упати на усвојување во Владата. Со одлуката е предвидено освен за пристаништето Бар, да се спроведат тендери за приватизација на Монтекарго, Монтенегро ерлајнс, Марина Бар, Будванска ривиера, Улцињска ривиера и Институтот за црна металургија Никшиќ.