Блокиран заемот од 765 милиони долари на Kodak

44

Властите во САД донесоа одлука да го блокираат заемот на Kodak поради што акциите се намалија за 40%, пренесува Ројтерс.

Заемот во износ од 765 милиони долари, Kodak планираше да го насочи кон правење суровини за изработка на потенцијална вакцина против Ковид-19, но е запрен поради “неетички постапки“ на раководителите.

“Неодамнешните обвиненија во врска со неетичките постапки предизвикуваат сериозна загриженост“, напиша Американската развојна финансиска корпорација, којашто требаше да го одобри заемот на Kodak.

Инаку, акциите на компанијата пораснаа за пет пати, а брокерите имале огромен број налози за тргување со овие акции. Над 900 милиони акции се истргувани откако беше најавен заемот, што е скоро 12 пати повеќе од количината што е официјално во оптек.

Како што беше претходно најавено, Kodak ќе произведува суровини и за hydroxyxhloroquine, лек против маларија што американскиот претседател, Доналд Трамп, го промовира во третман против коронавирусот.

Фото: Facebook