Богат Украинец купи италијански остров по “симболична“ цена

105

Александар Богусављев, син на украинскиот политичар и бизнисмен, Вјачеслав, го купил италијанскиот остров Галинара за 10 милиони евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Тие пишуваат дека договорот е склучен на 17-ти јули оваа година меѓу претставници од семејствата Пиемонт и Лигурија, кои од 70-тите години беа сопственици на островот Галинара и компанијата Gallinet, основана во Монте Карло, зад која голема е веројатноста да е во сопственост на Богусављев помладиот.

Неговиот татко долги години важи за еден од најбогатите луѓе во Украина, а 42-годишниот Александар во своето портфолио веќе има неколку фирми на Азурното крајбрежје.

Островот Галинара има површина од околу 11 хектари, а од 1989 години е заштитено подрачје во коешто им е забранет влез на туристи.

Фото: Freepik