Богаташи од Њујорк се селат во Мајами

19

Фото: Pixabay

Сè повеќе богаташи од Њујорк одлучуваат да го напуштат Големото јаболко и да се преселат во Мајами, пишува Business Insider.

Не само тие, туку и богаташи од други сојузни држави во САД со високи даночни стапки, како што се Њу Џерси, Калифорнија и Илиноис, се селат на Флорида за да ги искористат бенефитите од земјата што не ги оданочува приходите.

Според новиот закон, жителите на Њујорк кои заработуваат 10 милиони долари годишно и имаат еднакво вреден имот, ќе заштедат скоро 1,2 милијарди долари на данок ако се преселат на Флорида.

Освен заштеда на данок, луксузниот имот во Мајами доаѓа со поголема станбена површина, луксузни базени, простори на отворено и често се сместени до пространи плажи.

Мајами станува совршено прибежиште за богаташи, иако многу научници предупредуваат дека поради климатските промени и подигнување на морето, овој град за 80 години би можел делумно да заврши под вода.