Boostowski – апликација што ја подобрува и унапредува продажбата

32

Фото: boostowski.com

Белградски старт – ап ја создаде апликацијата Boostowski којашто има за цел да ја подобри и унапреди продажбата. Станува збор за алатка што на секој продавач му прави анализа на сите податоци што еден менаџер не може да ги обработи од огромниот број обврски, пишува Нетокрација.

Вработените во малопродажба преку оваа дигитална платформа имаат алатка што им помага околу секојдневните обврски, а на сопствениците и менаџерите им е од голема помош при водење на бизнисот преку тренинзи, извештаи, увид и извршување на зацртаните цели.

Boostowski испраќа информации и за напредокот на продавачот два пати во текот на денот. Сопствениците односно менаџерите преку истата апликација може да ги следат резултатите на своите вработени, да разменуваат информации околу попусти, нови производи, промоции и слично, да креираат мини тренинзи и тестови, да го следат нивниот напредок и да ги совладаат знаењата околу производите и вештините за продажба.