Bosch отвора фабрика за чипови вредна милијарда евра

26
Closeup of electronic circuit board with CPU microchip electronic components background

Германската компанија Bosch во својата матична земја отвора фабрика за чипови во вредност од една милијарда евра. Најголем дел од произведените чипови се наменети за електрична мобилност и автономни возила, јавува Automotive News Europe.

Фабриката, сместена во близина на Дрезден, е пуштена во употреба во време на сериозни ограничувања во снабдување со чипови, а Bosch ќе им помогне на компаниите.

“Секој чип што ќе го направиме тука во Дрезден го намалува недостигот од чипови“, вели Халд Кругер, член на управата на Bosch за Ројтерс.

Сепак, фабриката нема да може да ја покрие целата побарувачка за чипови што предизвика сериозни проблеми за многу индустрии, а една од најпогодените беше автомобилската.

Фабриката доби 200 милиони евра државна помош во рамки на инвестиционата програма на Европската унија, а производството ќе го започне во јули.

Фото: Freepik