Брако го произведе првиот македонски камион

21

brako

Првиот камион за вакумско чистење на градските улици со ознаката МКД го произведе  велешката компанија Брако, јавува велешкиот портал Лисица, пренесува Макфакс.

“Брако веќе неколку години работи на производство на ова возило, но за потребите на нашиот партнер, италијанската компанија Биострада, соработка започната во 2011 година. По стекнатото искуство во производство на составните делови, отидовме и чекор понатаму со целосно производство на првиот македонски камион. Со ова Брако отвора ново поглавје во сопственото производно портфолио, а воедно отвора и нови перспективи за конкурентноста на македонското производство на странските пазари“, изјави Кочо Анѓушев, претседателот на Бордот на Директори.

Механичкиот уличен чистач е специјално еколошко возило.