Брансон ќе лета во вселената пред Безос

27

Компанијата Virgin Galactic на милијардерот Ричард Брансон го објави својот пробен туристички лет во вселената за 11 јули, a со тоа ќе го престигне Џеф Безос и неговото Blue Origin, чиј лет е закажан за 20 јули.

Брансон ќе биде меѓу шесте патници во ракета со крилја што ќе полета од наменски изградениот комерцијален космодром во американската сојузна држава Њу Мексико, пренесуваат светските медиуми.

Милијардерот има намера да започне да го развива вселенскиот туризам оваа година, а повеќе од 600 луѓе, вклучително и многу познати личности како Џастин Бибер и Леонардо ди Каприо, веќе платија и резервираа место.

Датумот на полетување беше објавен само еден ден откако Blue Origin на Безос објави дека почесен гостин на летот на ракетата New Shepard ќе биде 82-годишната Вели Фанк, која помина обука за астронаути во 60-тите години на минатиот век, но никогаш не одлетаа во вселената затоа што беше жена. 

Фото: Facebook