Бред Пит ќе го промовира својот розе шампањ од 340 евра

62

Розовата боја е се помоќна во светот на виното, а нов голем адут на оваа сцена е розовото шампањско кое го промовира лично Бред Пит.

Секое ново вино со логото на винаријата Miraval е извонредно возбудливо, не само поради славниот (поранешен) брачен пар кој стои позади него, туку и поради фактот дека Анџелина Џоли и Бред Пит воспоставија систем во којшто од винаријата Miraval не излегува лошо, па дури ни просечно вино, пишува Eкапија.

Новото вино, розе шампањ Fleur de Miraval, е резултат на петгодишната работа во која учествуваше и Бред Пит, за кого во винаријата велат дека прераснал во вистински мајстор за вино.

Бред Пит е многу горд на овој проект и дека не стравува да го поврзе своето име со ова вино и затоа одлучи за прв пат откако тој и Анџелина Џоли влегоа во винскиот бизнис, да стане заштитно лице во кампањата за новото вино.

“Fleur de Miraval е кулминација на петгодишната работа, откривање и дегустирање, а сето тоа е правено во целосна тајност“, вели Родолф Петерс, винар, специјалист за шампањ кој соработувал со Бред Пит и со винаријата Miraval во создавање на овој розе шампањ.

Ова вино е ексклузивно и првата година ќе бидат продадени само 20.000 шишиња. Едно шише чини 340 евра, а промоцијата е закажана за 15 октомври.

Фото: Facebook