Брендот за облека DoGo отвора продавница во Скопје

35

dogo-facebook

Фото: Facebook

Светскиот бренд за облека DoGo отвора продавница во Скопје. Продавницата е сместена на улицата Максим Горки во Скопје во близина на Хотел Мериот, а отворањето е денеска со почеток од 19 часот, стои во соопштението.

Компанијата DоGо, којашто во моментов брои над 5.000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи како Њу Џерси САД, Абу Даби ОАЕ, Берлин, Амстердам, Барселона и др., конечно ја отвора својата прва продавница во Скопје. Брендот, чие мото е креирање на парчиња коишто ќе отскокнуваат од околината, е првиот во светот што нуди чевли со испринтани оригинални дизајни.

Сите продукти коишто ги нуди DоGо се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временски сезони. Иако главниот производ на DоGо се чевли, во продавницата ќе може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и деца.

Филозофијата на DоGо е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни и разумни цени. Нивните рачно изработени продукти им овозможуваат на оние во потрага по необично и оригинално парче облека да се изразат себеси и својот креативен дух. Меѓу другото, брендот силно се залага и ги поддржува сите оние кои се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство.