Британија ја најави новата монета од една фунта

67

BRITAIN-POUNDCOIN

Велика Британија вчера најави дека од 2017 година во оптек ќе се најде новата монета од една фунта, која ќе биде тешка за фалсификување. Според министерството за финансии, оваа монета ќе биде една од најсигурните во светот.

“По 30 години верно служење, време е старата паричка да оди во пензија и да и го отстапи местото на најбезбедната монета на планетата. Од витално значење е да бидеме неколку чекори пред криминалците за да го задржиме интегритетот на нашата валута”, велат од Лондон, јавува Ројтерс.

Новата паричка наместо кружен облик ќе има 12 страни, на задната страна ќе биде ликот за кралицата Елизабета Втора, а за изгледот на предната страна ќе биде организиран конкурс.

BRITAIN-POUNDCOIN