Британски McLaren отпушта една четвртина од вработените

26

Британскиот производител на автомобили и има екипа што се натпреварува во Формула 1, McLaren планира да отпушти една четвртина од вработените, откако кризата предизвикана од коронавирусот, се одрази врз приходите на компанијата, јавува ВВС.

“Немаме друг избор освен да го намалиме бројот на работници. Ова без сомнение е тежок период за нашата компанија, а особено и за нашите вработени, но планираме да останеме ефикасни, да го одржиме бизнисот и да продолжиме со раст“, вели претседателот на McLaren, Пол Волш.

Во McLaren се вработените околу 4.000 лица, а откази ќе добијат 1.200 работници. Од тимот на McLaren што работи за Формула 1 ќе бидат отпуштени 70 од 800 вработени.

Фото: Facebook