
Британскиот фармацевтски гигант GSK денес објави дека постигнал договор за купување на американската биотехнолошка компанија Nuvalent за 10,6 милијарди долари, што претставува едно од најголемите преземања во историјата на компанијата со седиште во Лондон.
Со ова преземање, компанијата, која е на индексот на Лондонската берза FTSE 100, значително го зајакнува своето портфолио во областа на онкологијата, објавува Гардијан.
Nuvalent, компанија со седиште во Бостон, моментално развива неколку лекови за рак, вклучувајќи три терапии насочени кон лекување на рак на белите дробови.











