Број на превезени патници и стока во последното тримесечје од 2015 година

13

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.927.000, во железничкиот превоз 352.000, во градско – приградскиот превоз 22.433.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 375.600.

Во истиот период, во споредба со четвртото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 39,7%, во железничкиот превоз е намалено за 32%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10,3%.