Број на превезени патници со автобуси во првиот квартал

40

Бројот на превезени патници во првиот квартал од оваа година во приградскиот превоз е зголемен за 14,2%, додека во градскиот превоз е намален за 11,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување од 19,3% е забележано кај бројот на превезени патници во меѓуградскиот превоз, додека во меѓународниот превоз падот е 13,2%.

Во однос на истиот период од 2015 година, бројот на патничките километри во приградскиот превоз е зголемен за 24,7%, а во градскиот превоз за 2,6%. Во меѓуградскиот превоз е забележано намалување кое изнесува10,6%, како и во меѓународниот превоз каде што намалувањето изнесува 20,8%.