Бројот на работници во индустријата зголемен за 2,1% во март

16

Бројот на работници во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 2,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст од 1,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 3,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3%, Капитални производи за 18,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2016 година, во однос на периодот јануари – март 2015 година, е зголемен за 1,8%.