Бруто домашното производство на струја учествува со 67,2% во потрошувачката

15

Бруто – домашното производство на електрична енергија, во март оваа година, учествуваше со 67,2% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, 96,9% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на
електрична енергија. Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 760.514 МWh електрична енергија, 12.372 мил. nm3 природен гас, 754.284 тони јаглен и 67.404 тони нафтени продукти.