Буџет од 5.000.000 денари за финансирање на кластерско здружување

42

coins-currency-investment-insurance-128867Фото: Pexels

Од денеска започнува аплицирањето по мерката Кластери за иновативни и меѓународно ориентирани  бизниси од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година. Јавниот повик е веќе објавен, а негов предмет е доделување финасиски средства од страна на Министерството за економија за финансирање на кластерското здружување, за што е обезбеден буџет во износ од 5.000.000 денари.

На Јавниот повик може да се пријават сите регистрирани кластерски здруженија (стопански комори, организации на работодавачи, невладини организации и фондации организирани по принципот на кластеринг), а ќе бидат финансирани проектите на кластерските здруженија што опфаќаат активности поврзани со изготвување на проекти насочени кон: развој на заеднички услуги  на кластерите,  набавка на специфична опрема којашто  ќе се користи од членките на кластерите, соработка на кластерите со  универзитетите, развој  на брендирани производи во рамките  на кластерот (географско потекло), изработка или реализација на заеднички иновативни проекти кои се однесуваат на развој на нови или подобрени производи, процеси или услуги, усовршување на кластерите и нивните членки  преку организирање на специјализирани обуки, работилници, семинари за поттикнување и размена  на знаење, како и промотивни  активности за кластерите (заеднички настап на саеми).

За  активностите од оваа мерка делот на  трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од проектот, но не повеќе од 1.000.000 денари поединечно за секој барател по апликација, додека кластерските здруженија може да поднесат само едно барање од наведените активности.

За повикот, условите, начинот на аплицирање, критериумите на бодување, како и пропишаните обрасци можете да се запознаете на веб страната на Министерството за економија: www.economy.gov.mk  и на страната www.konkurentnost.mk, а пријавите за доделување на средствата се поднесуваат  до  18.04.2018 година.

Се очекува реализацијата на оваа мерка да придонесе за поттикнување на иновациите и трансфер на технологии кон стопанството и меѓу компаниите, освојување на нови пазари, јакнење на знаењата и вештините за развој на кластерите, зголемување на конкурентноста на македонска економија и др.