Буџет 2026: Нови кредити за стари обврски – економистите предупредуваат на внимателност

950.000.000 евра преку Еврооврзница, 350 милиони евра задолжување од други странски извори и уште 400 милиони евра задолжување на домашниот пазар. Вкупно 1.700.000.000 евра во најава – здолжување во буџетската 2026-та година. Ова е планот на Владата за финансирање на функциите на државата во 2026 та година.

Новиот буџет веќе е пред пратениците и процедурата за усвојување ќе започне по завршување на изборите. Следната година планирано е да се потроши историски највисок износ од 6,7 милијарди евра, а приходната страна да „тежи“ близу 6,1 милијарда евра. Она што ќе биде клучно за 2026 година е дали Владата ќе направи посилна интервенција во структурата на расходите, а не само во нивната големина – велат економистите.

„Вистинскиот предизвик не е во тоа дали ќе има задолжување, туку дали ќе има посилна фискална консолидација и придржување кон буџетските правила на среден рок. Дефицитот во Македонија е структурен, а не цикличен, што значи дека не произлегува од економски шокови, туку од трајна нерамнотежа меѓу приходите и расходите. За постигнување посериозна консолидација и почитување на фискалните правила, потребни се потемелни реформи на расходната страна. Постизборниот период може да биде добра можност за свеж почеток и храбри одлуки“ – вели за „Локално“ Благица Петрески, економист.

Целиот текст на Локално.мк