Бугарија: 30% од економијата е во сивата зона

9

siva ekonomijaБугарија останува меѓу земјите со највисоко ниво на непријавени работници. Во сивата зона е околу 30% од економијата. Истражувањето на Бугарската трговско- индустриска комора во целата земја покажува дека работниците во оваа земја масовно не ги познаваат законодавството и ризиците од добивање на плата во плик.

Сива економија има во сите сектори, покажува анализата, пренесуваат бугарските медиуми. Ниските приходи во однос на трошоците за домаќинството и високата невработеност се главните причини поради кои работниците се согласуваат на работа без договор за вработување или на договор за помала плата од реалната. Во најголем ризик од работење во сивата зона се луѓето до 24 години и оние над 45 години.