Бугарија: Зелена ѕвезда за туристичките објекти

24

bioБиолошки произведената храна ќе биде одвоена од другите производи во продавниците, изјави бугарскиот заменик-министерот за земјоделство и храна Бјурхан Абазов. Мерката е дел од промените кои Владата планира да ги воведе во правилата за спроведување на органско производство. Така, биопродуктите, како и свежите овошје и зеленчук, ќе стојат на одделни штандови во трговски објекти, пренесуваат бугарските медиуми.

“Целта е потрошувачите да бидат информирани и да можат да изберат”, вели Абазов.

На работната средба со Абазов во Варна присуствуваа организации од областа на туризмот, на кои им беше предложено да ја разгледаат можноста за воведување на т.н. Зелена ѕвезда за туристичките објекти. Специјалната категорија ќе ги идентификува оние објекти кои нудат еколошки, биолошки произведени или природни производи.

Заменик-министерот Абазов информира дека се бара начин да им се обезбеди на земјоделците полесно да стигаат до комерцијалните објекти за да можат директно да ги нудат своите производи. Целта на воведувањето на овие мерки е да се промени трендот на извоз на органски производи, затоа што засега 90% од органските производи произведени во Бугарија завршуваат на странските пазари.