Casa Ojalá – преносна куќа што се прилагодува на секаква клима

28

Беатриче Бонзаниго од италијанското студио IB Studio претстави дизајн за преносна куќа којашто може да се монтира било каде и на секакви временски услови. Casa Ojalá, се протега на површина од 27 метри квадратни, доаѓа во повеќе од 20 конфигурации и лесно се монтира.

Според идејата на Бонзаниго, домот има за цел неговите станари подобро да се поврзат со природата и да се минимизира влијанието врз животната средина. Куќата е замислена да може да се изгради од различни материјали коишто би се нашле локално, каде што истата ќе биде поставена.

Микро домот на некој начин ги елиминира границите помеѓу ентериерот и екстериерот, а има две спални соби, бања, мини кујна и дневна соба, пишува Arch Daily.

Casa Ojalá вклучува систем од јажиња, рачки, дрвени ѕидови и други делови коишто можат да се местат според потребите на станарите и локацијата. Собите можат да се спојат, разделат, да се добие поголем отворен простор, а дизајнот ќе има и фотоволтаични панели, септички резервоар и систем за собирање на дождовница за капење и пиење.

Фото: Instаimg