Цела недела пролетни температури

21

Од денеска, па цела недела, времето во Македонија ќе наликува на пролет, со температури до 18 степени.

Во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер со брзина до 30 километри на час. Дневните температури ќе се движат од девет до 16 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 13 степени.