Чевли изработени од Piñatex – материјал добиен од листови ананас

31

uuuRombaut експериментален бренд од Париз користи невообичаени материјали за изработка на своите обувки, пишува Ecouterre. Нивната последната линија на патики е направена од Piñatex, еден вид на веган текстил што изгледа како кожа, но е исткаен од паднати листови ананас.

Компанијата задолжена за производство на истиот се вика Ananas Anam Ltd и е со седиште во Лондон.

Брендот којшто се грижи за животните користи и друг вид на растенија при изработка на своите чевли како кора од смоква од Уганда, црница од Јужниот Пацифик, каучук од Амазон, влакна од кокос и скроб од компир.

Според основачот на компанијата и долгогодишен веган, Матс Ромбо, Piñatex е биоразградлив материјал, многу сличен на кожата, лесен за обработка, но истовремено многу цврст и издржлив.