Чија бруто плата во септември била над 93.000 денари?

51

Просечна исплатена месечна бруто плата по вработен во септември од 93.698 денари е исплатена во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во топ три сектори во земјава, во коишто бруто платата е највисока се и: воздухопловен транспорт (79.769 денари) и производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (70.461 денар).

Секторот во којшто, според податоците, е исплатена бруто плата од 19.780 е секторот заштитни и истражни дејности.

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во септември оваа година, е 37.797 денари.

Фото: Pixabay