Чудни места каде луѓето кријат пари

84

Луѓето постојано измислуваат нови места за да ги скријат своите пари. Еве неколку необични места каде што луѓето ги чуваат парите.

Од кревети и перници, до чорапи до кутии со бисквити. Една група студенти купиле половен кревет за 20 долари, а во него пронашле дури 41.000 долари. Сепак, тие решиле да ги вратат парите на сопственикот. Неговата сопруга со години таму ги чувала парите, за на крај да ги заборави.

Интересно е тоа што во многу домови кутии со бисквити, особено со празнични колачиња, повеќе служат како украс бидејќи се украсни. Но, за некои тие се идеално место за чување пари.

Финтата со чорапите е стара, но сепак не е надвор од мода.

Плишано мече е играчка што ја има скоро секоја куќа. Верувале или не, многу луѓе купуваат мечиња за да чуваат пари внатре.

Кутија за чевли, исто така, може да биде добро место за складирање пари.

Рамката за слика е уште едно популарно место каде што луѓето чуваат пари. Луѓето чуваат пари и во перница, поточно, тука главната улога ја има навлаката за перници.

Фото: Pixabay