Cisco, Ericsson и Intel ќе работат на создавање на 5G рутер

20

captura-124-730x419Компаниите Cisco, Ericsson и Intel заедно работат на создавање на нов 5G безжичен рутер којшто ќе има досега најголема брзина на интернет конекција и првенствено ќе биде наменет за потребите на големите бизнис корпорации.

Технолошките гиганти го објавија овој план на конгресот Mobile World којшто неделава се одржа во Барселона, стои во соопштението на Cisco.

Според плановите, 5G интернетот се очекува да биде достапен за користење во 2017 година. Покрај неверојатната брзина од 3,77 гигабити во секунда, интернетот ќе може многу добро да се “справи” со повеќе уреди одеднаш поврзани на мрежа.

Супер брзиот 5G рутер ќе биде од голема корист кога ќе целосно ќе настапи ерата на Internet of Things (IoT), односно кога сите предмети ќе добијат сензори, интернет конекција и ќе се контролираат со апликации. Ова вклучува сè, од апаратите за домаќинството до четката за заби.