CLR CFF – првото проѕирно кафе во светот

55

clear coffee

Словачкиот старт – ап CLR CFF го создаде првото проѕирно кафе во светот, пишува Foodbev.com.

Името на стартапот CLR CFF доаѓа од кратенката Clear Coffee (проѕирно кафе), чија цел е создавање на едноставен бренд со висок квалитет. Идејата за ова кафе, според основачот на CLR CFF Дејвид Наги, се родила пред четири години.

“Од секогаш пиев многу кафе и поради тоа имав проблем со бојата на моите заби. Енергетските пијалаци не беа решение, ги пиев еднаш месечно, но не ми се допаѓаше вкусот. Почнав да барам производ што ќе ги задоволи моите барања. Бидејќи не најдов ништо, започнавме да создаваме наше кафе“, вели тој во интервјуто.

clear coffee 1

Неговиот старт – ап развил нов метод на обработка на кафето, поради што тоа има уникатен вкус и арома. Проѕирното кафе е направено од свежо печена Арабика и вода. За да ја постигнат проѕирната боја тие не користат никакви хемикалии, шеќер или засладувачи.

Ова кафе има помалку горчлив вкус од вообичаеното кафе, па од таа причина нема потреба да се додава шеќер или млеко. Во едно шише од ова транспарентно кафе има 100 милиграми кофеин.

Сите љубителите на кафето може да го нарачаат овој производ преку интернет страницата на CLR CFF по цена од 3,50 евра за шише од 200 милилитри и 17,50 евра за пет пакувања.