Coca-Cola донесе одлука: Го запира производството и продажбата во Русија

98

Компанијата Кока-Кола  соопшти дека го запира производството и продажбата на пијалоци во Русија.

„Кога ќе се потрошат резервите на компанијата, Кока-Кола повеќе нема да произведува и продава Кока-Кола или други брендови на компанијата во Русија“, се вели во соопштението на компанијата.

Во март, компанијата објави прекин на бизнисот во Руската Федерација, особено испораката на состојки за нејзините пијалоци за рускиот пазар.

Во мај извршниот директор на компанијата Џејмс Квинси призна дека компанијата може да ја напушти Русија, потсетува Интерфакс Русија.