Coca – Cola отпушта 2.200 работници

43

Американската компанија Coca – Cola соопшти дека ќе укине 2.200 работни места како дел од планираното преструктуирање поради пандемијата на коронавирусот.

Намалувањето на работните места ќе влијае на околу 2,6% од вкупната глобална работна сила на компанијата. Околу 1.200 работници ќе бидат отпуштени во САД.

Во соопштението на компанијата се истакнува дека е подготвена програма за доброволно заминување, но дека ќе биде потребно да се извршат присилни отпуштања.

Coca – Cola објави пад на приходите за 33% во третиот квартал на 1,7 милијарди долари.

Фото: Pixabay