CodeWell со нова апликација на Apple Store: Фарма – игра за деца од предучилишна возраст

80

farma-promo_2

Македонското студио за мобилни апликации Codewell ја лансираше својата прва македонска игра за деца од предучилишна возраст за оперативниот систем iOS – Фарма. Воедно, Фарма претставува и прва игра на македонски јазик за iPad.

Фарма е комплет од игри од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години. Во моментов, Фарма се состои од две игри – меморија и криенка, кои ќе го предизвикаат размислувањето на децата, додека во исто време ќе им овозможат и одлична забава.

img_0516

Играта е одлична за вежбање и подобрување на меморијата на децата, како и за учење и повторување на буквите од азбуката и читање на едноставни зборови.

Наскоро во Фарма ќе следат уште две игри: сложувалка – игра која ќе го разбуди логичкото размислување и снаодливоста кај детето, како и игра со чија што помош децата ќе можат да ги научат боите.

img_0514

Играта Фарма можете да се преземе од официјалната продавница на Apple, на следниов линк: https://itunes.apple.com/tr/app/farma/id946095432?mt=8.

Апликацијата МаркО – Вашето паметно другарче на CodeWell веќе е достапна на Google Play и App Store.