Coinbase излегува на берза

92

Coinbase, најпознатата американска крипто компанија, излегува на берза, но не на вообичаен начин (со иницијална јавна понуда IPO), туку со директна јавна понуда – DPO, т.е. без посредници и со веќе издадени акции, што ќе биде многу поевтино.

Сè уште не е познато кога акциите на COIN ќе започнат да котираат на берзата.

Coinbase во моментов се проценува на околу 100 милијарди долари, а голем дел од неговиот успех може да се припише и на биткоинот.

Фото: Pixabay