CrissCross – преносен мебел што може да го составите како што ќе посакате

98

crisscross_2-889x593

Сем Вригли, млад дизајнер од Велика Британија, креираше линија модуларен мебел којшто може да се прилагоди според потребите на корисникот, пишува Curbed. CrissCross е лесен за составување, расклопување и поставување на било кое место.

Мебелот може да се состави без користење на алатки, само со специјални пластични додатоци што се ставаат на дупчињата од дрвените панели. Самите панели се обложени со растителен восок, безбеден за деца и ги има во црвена, сива и црна, покрај стандарната дрво боја.

Според Сем, идејата е да се создаде мебел што ќе се прилагоди на животниот стил на луѓето, наместо истиот да ги врзе со својата статичност. Благодарение на нивниот модуларен дизајн, корисникот може да креира модел којшто најмногу ќе одговара на просторот каде што живее и потоа да го смени кога ќе посака.

Линијата вклучува ноќна масичка со цена од 115 долари, работно биро, (150 долари), единечен шкаф (160 долари), двоен шкаф (215 долари), единечен гардеробер (230 долари) и двоен гардеробер (350 долари).

Проектот официјално ќе ја започне својата кампања Kickstarter на 17 мај.

3059734-slide-5-this-flat-pack-furniture-line-is-a-frequent-movers-bestcrisscross_5-1020x610crisscross_9-1020x610