Црногорската влада продава 40% од возниот парк

22

sluzbeni vozilaВладата на Црна Гора одлучи да продаде 1.599 од вкупно 4.058 службени возила, а парите од продажбата ќе одат во државниот буџет, соопшти министерот за внатрешни работи, Рашко Коњевиќ.

Со тоа возниот парк ќе се намали за 40%. Без службени возила ќе останат замениците министри, а старешините веќе нема да можат на своите службеници да им даваат возила на користење под одредени услови.

“Прецизно е евидентирано дека возило може да има само старешина, министер или директор на државна управа”, изјави министерот Коњевиќ.

Според министерот, Војската на Црна Гора има на располагање околу 1.000 возила, а дипломатско – конзуларните претставништва 32.

Тој додаде дека владиното Биро за односи со јавноста се занимава со злоупотреба на службени возила и дека таквите случаи ќе бидат процесуирани.