Да се преврива водата за пиење во Крушево, Кавадарци и Росоман

48

Oд ЈП Комуна Крушево известуваат дека поради наглото топење на снегот, дошло до заматување на водата за пиење, заради што се препорачува во наредните 2 – 3 дена водата пред пиење задолжително да се преврива 10-тина минути. За ова населението е запознаено преку локалните медиуми. Од ЦЈЗ-Кавадарци известуваат дека од обилните врнежи од дожд дошло до заматување на водата за пиење во изворот Лукар, што ја користат општина Кавадарци и општина Росоман. Водата не е за пиење, може да се пие само ако се преврива.