Дали балонот на недвижнини во Европа е пред пукнување?

259

Цените на недвижностите скокнаа значително во Франкфурт, Стокхолм, Амстердам и Мадрид, додека за околу 40% се зголемија во Луксембург, Португалија, Словачка и Ирска. Ниските каматни стапки, кои требаше да го забрзаат закрепнувањето на европската економија по кризата, всушност донесоа нови проблеми.

Според New York Times, парите се толку евтини што кредитокорисниците се натпреваруваат за купување станови и куќи. На пример, 20-годишен станбен кредит во Франкфурт или Париз може да се добие со каматна стапка од 1%. Инвеститорите, од друга страна, добија можност да заработат пари со купување недвижнини ширум Европа.

Цените за закуп скокнаа во Мадрид и Барселона во исто време. Цените на недвижностите во Париз во просек се 10.000 евра за метар квадратен и се меѓу највисоките во Европа. Исто така, во овој град пораснаа и цените за изнајмување, а со оглед на тоа што 70% од граѓаните изнајмуваат станови, градоначалникот воведе контроли за овие цени.

Сепак, Берлин е најтешко погоден. Кога цените на изнајмување достигнаа раст од 50% после пет години, градот воведе петгодишно замрзнување на киријата, а станарите имаат право да бараат намалување на цената ако е превисока.

Главниот економист од Commerzbank во Франкфурт, Јорг Крамер вели дека во некои делови од Европа, вредностите се вратиле или се префрлиле на нивото на кое биле пред должничката криза во Европа, предизвикувајќи загриженост дека ваквата експлозија на пазарот на недвижнини нема да заврши добро.

Побарувачката се зголеми во текот на пет години откако Европската централна банка намали една од своите референтни каматни стапки под нулата. Според тоа, цените се зголемија толку многу што само оние со високи приходи можат да си дозволат недвижен имот. Додека цените на становите се зголемуваат во исто време, работничката класа се повеќе се повлекува од урбаните центри.

Шефот на Банката UBS за недвижнини посочува дека во некои делови на Европа ниските каматни стапки ја туркаат вредноста на недвижниот имот во зоната на ризик.

Европската централна банка нема многу простор за маневрирање, а неодамна ги повика политичарите да преземат мерки кои ќе спречат понатамошен раст на ценовниот балон.

Фото: Pexels