Дали планетарното кралство на долгот почна да се урива?

136

Пандемијата од коронавирусот ги ескалираше проблемите на презадолжените со брзина која не се памети и може да се спореди со Големата депресија од 30-тите години на минатиот век.

По работ одат голем број граѓани, компании и држави. Кога се во прашање државите, стигнавме во фазата кога оние најранливите до своите инвеститори почнуваат да бараат огромни отписи на долгови и (или) почек на отплатата. Покренат е домино ефект на финансиско уривање кое со тек на годините би можело да стигне и до некои од поголемите европски земји, како што е Италија, пишува Novac hr.

Прва, падна Аргентина. Нивниот министер за економија, Мартин Гузман, веќе со денови повторува во медиумите дека не се подготвени за договор со инвеститорите зошто “се базира на илузии и розови сценарија“.

Гузман отворено најавува банкрот поради 65 милијарди долари надворешен долг. На инвеститорите на маса им стави 62 процентно смалување на каматите во вредност од 38 милијарди долари, како и 5,4 процентно намалување на главнината во вредност од 3,6 милијарди долари и мораториум на било кое плаќање од три години. Фондот на менаџери на џиновски инвестициски куќи кои го држат аргентинскиот долг –  BlackRock, Fidelity и  T Rowe – останаа зачудени. Пресметката на инвеститорите и Аргентина има шанси да стане финансиски Армагедон со пошироко интернационално влијание.

Нешто помалку напнато е во Пакистан. Под закрила на Г20 нацијата бара standstill аранжман. Се обидуваат да го одложат плаќањето на обврските кон странските доверители во текот на 2020 во износ од 1,8 милијарди долари. Исламабад предупредува дека пакистанската економија застана поради Ковид-19 пандемијата па мора да соберат пари за финансирање на здравствените трошоци. Пакистан инаку има солиден раст. Оваа година ќе забележи умерен пад од 1,5% (ако проценките не им се премногу оптимистични). ММФ им одобри 1,4 милијарди долари заем без камати за да можат да се соочат со пандемијата.

Либан практично банкротираше во март. Војната меѓу премиерот и гувернерот на централната банка, драматични преговори со сопствениците на обврзници и 50 % пад на либанската валута во однос на доларот, се знаци на неизвесна иднина. Натрупаниот долг од 90 милијарди долари не можат да го издржат.

Цел низ пазари во развој годинава ќе забележат економски пад, а цените на нивните долгови се такви да не можат да ги сервисираат без раст на БДП. Развиените земји се обидуваат да ја релаксираат политиката кон пазарите во развој, но се поставува прашањето дали релаксацијата ќе биде доволна? Расте и фискалната напнатост и во одредени развиени земји.

Накратко, сѐ повеќе има знаци дека планетарното кралство на долгот почна да се руши и воопшто не е сигурно дека потпорните столбови кои ги поставија централните банки и националните влади ќе бидат доволно силни за да го задржат ридот кој тргна надолу.

Од сето тоа се наметнува заклучок дека можеби никогаш не било поважно да се одржи прашањето на долгот под контрола и да се скроти растењето на долгот кон БДП.

Фото: Pixabay