Дали работниот ден треба да трае осум часа?

64

Осумчасовниот работен ден започна да функционира во социјализмот. Роберт Овен, сопственик на текстилна фабрика и социјален реформатор од Велс, се смета за првата личност која го артикулираше, повикувајќи на работниците на почетокот на 19-от век да им се обезбеди “осум часа работа, осум часа рекреација и осум часа одмор“.

Тоа било многу повеќе од 12 или 14 часа дневно колку што тогаш се очекувало од работниците, вклучувајќи ги и децата.

Во следните 100 години, синдикатите во САД се залагаа за осумчасовниот стандард во индустријата. Хенри Форд оваа идеја ја оствари во 1926 година, така што во неговите фабрики утврди петдневна 40-часовна работна недела.

Во 2019 година, како што пишува Лиза Вејс за порталот Wired, постои еден проблем, а тоа е дека не е возможно да се работат осум часа многу од работите што денес се актуелни. Авторката на текстот смета дека осум часа дневно е премногу долго работно време и за работа во фабрика, ресторан, кол центар или продавница, па најдобро би било повторно да се преиспита таа одлука.

Таа работи како фриленсерка и на својот лап топ го инсталирала ResueTime, шпионски софтвер којшто го користи за нејзе. Софтверот следи што прави таа на компјутерот и покажува колку време секој ден користи за работа.

“Кога ја погледнав статистиката на RescueTime, од среда до понеделник (распоредот на фриленсерите е многу чуден), покажа дека сум работела вкупно 35 часа и 17 минути. Поголемиот дел од викендот го поминав работејќи, два часа во сабота и повеќе од два часа во недела. Мојата продуктивност беше висока, просечно 84 %, но според податоците тоа не е ништо невообичаено… Дури и во текот на невообичаено напорна работна недела не работев 40 часа. Никогаш не работам осум часа дневно иако неколку пати без близу да сработам нешто повеќе од седум часа. За споредба, во текот на типична работна недела во овој период, без некои поголеми рокови и притисоци, работам 27 часа и 11 минути, со 82% просечна продуктивност“, вели таа.

Таа е уверена дека слични податоци ќе имаат и оние работници кои работат во канцеларии. Секако, тие поминале 40 часа неделно на работа и толку време биле достапни.. Но, прашањето е колку време работите, пишувате или создавате. Таква работа, според Вејс, не може да се работи осум часа без пауза.

За нејзе, пет часа дневно е идеално за креативен работен ден. Еден час за загревање и поврзување со соработниците и остатокот од светот, три часа фокусирана работа на проектот и еден час за планирање на утрешниот ден.

Фото: Pexels