Дали трговските центри во иднина ќе изгледаат вака?

52

Комплексот Forum во холандскиот град Гронинген се обидува да покаже дека трговските центри не треба само да продаваат производи за да преживеат, пишува The Guardian.

Четиригодишно детенце возбудено скока пред рамниот екран на целиот ѕид, додека неговиот татко чита интерактивна верзија на книгата BFG од Роалд Дал. Неколку секунди подоцна, детенцето ја забележало својата дигитална силуета на екранот.

Ова е само едно од искуствата што ги нуди новиот проект на градски центар во холандскиот град, којшто има за цел да биде центар пост – потрошувачко општество.

Зградата во којашто е сместен Forum има трапезоиден облик и вреди 101 милион евра. Во нејзината внатрешност има библиотека, дел за состаноци, научен музеј, центар за рекреација. Целиот простор е на 10 катови, а е дизајниран да биде во согласност со потребите на граѓаните кои знаат дека шопингот не е нужно “зло“ за нивните потреби.

Во библиотеката има над 92.000 книги, кои не се за продажба, туку само за изнајмување. Оние кои не сакаат да читаат, имаат различни видови на забава: кино, салони за изложби, неколку кафетерии, музеи, ресторан и барови.

Целта е Forum на едно место да собере студенти, мајки со дечиња, како и баби и дедовци кои читаат весници.

Фото: Facebook