Дали знаете која земја е најголем извозник на хеликоптери во светот?

148

Извозот на хеликоптери во светот минатата година достигна вредност од 5,7 милијарди долари, што е намалување од 1,9% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Во текот на минатата година се извезени помали хеликоптери во вредност од една милијарда долари, што е 17,5% од вкупниот извоз, додека истиот период, вредноста на извезени големи хеликоптери достигна 4,7 милијарди долари или 82,5% од вкупниот извоз.

Анализирано по земји, најголем светски извозник на вакви летала се САД со заработка од 1,9 милијарди долари или 33,1% од вкупниот извоз.

Меѓу петте од вкупно 15 најголеми извозници на хеликоптери се и: Канада (743,9 милиони долари), Германија (723,5 милиони долари), Франција (566,8 милиони долари) и Велика Британија (475,8 милиони долари).

Фото: Freepik