Даноци поврзани со животната средина во Македонија

24

suma-pixabay

Фото: Pixabay

Во 2015 година, во Република Македонија биле платени даноци поврзани со животната средина во износ од 10.527,4 милиони денари, што е за 16,4% повеќе отколку во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во даноците поврзани со животната средина имаат даноците за енергенти со 64,6%, по што следат даноците за транспорт со 34,5% и даноците за загадување и даноците за природни ресурси поврзани со искористување природни ресурси (вода, шуми, дива флора и фауна) со 0,9%.

Во 2015 година даноците составувале околу 1,9% од бруто домашниот производ, што е за 0,2 процентни поени повеќе отколку во 2014 година.

Државниот завод за статистика за првпат објавува резултати од пресметувањето даноци поврзани со животната средина во Република Македонија.

Даноците поврзани со животната средина се еден од економските инструменти за контрола на загадувањето и за управување со природните ресурси што имаат за цел да влијаат врз однесувањето на економските субјекти, производителите и потрошувачите.